Нов инцидент меѓу грчки и турски брод во Егејското Море
Турски товарен брод, прекршувајќи ги меѓународните прописи за избегнување на судари во морето, се приближил и закачил брод на грчката воената морнарица рано утрово, југоисточно од островот Лезбос во Егејското море, соопштуваат од Генералштабот на воената морнарица на Грција.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, во инцидентот меѓу трговскиот брод „Кармате“ што пловел под турско знаме и бродот „Арматолос“ на грчката воена морнарица, нема повредени или материјална штета, а биле известени надлежните во НАТО.
- По настанот, трговскиот брод ја зголеми брзината и се оддалечи, движејќи се кон најблискиот брег на Турција, без да одговори на радио повиците од грчкиот брод „Арматолос“, соопштуваат од грчката воена морнарица.
Инцидентот се случил за време на планирана патрола на грчкиот брод во рамките на активностите за справување со мигрантските бранови во Егејското Море.
Ново на Сител
-
Во 2024 година најмногу пријави до АХВ за труење со храна и за производи со поминат рок
-
Скопје и денеска најзагаден град во Европа
-
Зеленски: Прво договор со Трамп, потоа преговори со Путин
-
Почнува судењето против Саркози поради незаконско финансирање на изборна кампања
-
ДУИ со честитка за Божиќ, но и загриженост од недостигот на волја за соживот
-
Приведено лице од тетовско за издржување затворска казна
-
Илјадници без струја и вода во Ирска поради екстремни временски услови
-
Пронајдени мигранти, приведени двајца криумчари