Нов хрватски министер за одбрана е Здравко Јакоп, соопшти Пленковиќ
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ соопшти дека нов хрватски министер за одбрана е Здравко Јакоп, откако претходниот Марио Баножиќ вчера беше тешко повреден во сообраќајна несреќа во која загина едно лице, јави ДПА.
Јакоп е поранешен генерал кој завршил Воената академија на НАТО во Рим.
Баножиќ вчера беше разрешен откако со неговиот автомобил директно се судрил со комбе во источна Хрватска. Тој одел на лов кога се случила несреќата, јавија хрватските медиуми. Во несреќата загинал 40-годишниот возач на комбето од Привлака, а Баножиќ е тешко повреден.
Според првичните истраги, Баножиќ ја предизвикал несреќата, велат обвинителите.
Билјана Лубуриќ, заменик – државен обвинител, рече дека до несреќата дошло затоа што Баножиќ, кој возел од правец на Винковци, почнал да претекнува камион без да провери дали може безбедно тоа да го стори и директно удрил во комбе што се движело во спротивна насока.
Баножиќ е на одделението за интензивна нега во болницата во Осиек, но неговиот живот е надвор од животна опасност, изјавија за медиумите лекарите од болницата.
Ново на Сител
-

Француските средношколци по средбата со Макрон повикаа на продолжување на протестите сè додека не се објават конкретни мерки
-

Николоски: Ја развиваме Брвеница со реализација на конкретни проекти
-

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта
-

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама
-

Кошта: ЕУ ќе покрие две третини од дополнителните 70 милијарди евра за Украина
-

Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ - претреси на повеќе локации
-

Македонија утре на Јуниорскиот Евросонг: Од вечерва може да се гласа за Ана Стојаноска
-

Скопјанка измамена за сума од 117.000 денари од поранешен вработен во Катастар
