Нов фекален колектор на булеварот „Видое Смилевски-Бато“

Премиерот Никола Груевски и градоначалниците на Град Скопје и на Аеродром Коце Трајановски и Ивица Коневски денеска присуствуваа на почетокот на градежните работи за изградба на нов фекален колектор на булеварот „Видое Смилевски-Бато“.
Инвестицијата е вредна 27 милиони денари, а треба да заврши за околу три месеци. Инвеститор е Град Скопје, а изведувач „Бауер БГ“ од Скопје.
- Во колекторот инвестира Град Скопје, а ќе се реши голем проблем во делот на фекалната канализација, особено во Реонски центар во општина Аеродром, за зградите што ги гради компанијата „Џеваир Холдинг“. Ќе го реши проблемот и на многу околни згради, рече Груевски.
Градоначалникот Трајановски појасни дека фекалната канализација е долж булеварот „Видое Смилевски-Бато“, почнувајќи од булеварот „Февруарски поход“ до булеварот „Србија“, во должина од 771 метар.
- Ќе се постави фекална канализација со дијаметар на цевки од 800 милиметри. Длабочината на оваа фекална канализација во најдлабокиот дел ќе биде околу 6,5 метри, а во најплиткиот дел, кај булевар „Србија“ 5,5 метри, рече Трајановски.
Тој додаде дека на оваа фекална канализацијата ќе треба да се приклучат сите нови згради, на „Џеваир Холдинг“ и зградите во поранешната касарна во општина Аеродром.
Градоначалникот Коневски нагласи дека ова е многу значаен проект за општина Аеродром.
- Веќе ја направивме секундарната фекална канализација во делот на Реонски центар. Со изградбата на овој фекален колектор секундарната фекална канализација ќе се приклучи и ќе биде во функција на сите оние нови објекти што се градат во Реонски центар Аеродром, истакна Коневски.
Ново на Сител
-

ЦУК: Локализиран пожарот кај Лешница
-

МВР: Камерите на „Безбеден град“ во функција во дел од општина Дебрца, наскоро и во Охрид
-

Активни пожари на грчките острови Крит, Андрос, Парос и Калимнос – евакуирани неколку населени места
-

Нетанјаху: Трамп ќе одлучи за иднината на судирот со Иран
-

Високите температури и ветерот ја отежнуваат борбата со пожарите во Турција
-

Собранието по неколку паузи ја заврши седницата за пратенички прашања со едно поставено прашање
-

Запленети над 43 килограми марихуана, приведени 241 лице по еден месец од формирањето на Task force
-

Тошковски: Петкратно зголемена ефикасноста во постапувањето по случаи на семејно насилство
