-->
-->
Нов долг на МКФ кон ФИБА, сега од 20.000 Евра
-->

Македонската Кошаркарска Федерација (МКФ) се соочува со дополнителни проблеми за нормално функционирање откако денеска обелодени дека ќе мора да плати 20.000 евра, заостанат долг кон ФИБА.
Во краткото соопштение објавено на официјалната веб страна на МКФ пишува:
„Сметката на Македонската кошаркарска федерација е доиспразнета. Активностите се отежнати со сознанието дека МКФ е должен кај ФИБА 20 000 евра, поради казната за непочитување на ждрепката и отказ на настапите во квалификациите за ЕП во 2009 година за кошаркарките. Компензацијата на ФИБА за учество на младинските ЕП, така, ќе мора да биде искористена за помирување на долгот што од други доспеани казни во меѓувреме е дури зголемен’’.
Пред раководството на МКФ летово претстои тежок период бидејќи, покрај сениорската машка репрезентација, која допрва треба да се подготвува и да игра контролни средби за во пресрет на септемврискиот Евробаксет, уште пет селекции имаат свои настапи на континенталните првенства.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Солун и островите Скијатос, Скопелос и Алонисос се поврзаа со бродска линија
-
Орбан: Ќе има правни последици за организирање на Парадата на гордоста во Будимпешта
-
Приведен крадец од Куманово, украл мобилни телефони од продажен салон
-
Родителите и феноменот „омилено дете“
-
Истражување: Над 500 видови птици ќе исчезнат до крајот на веков
-
АПЕЛ ЗА ПОМОШ на трите сестрички од Драчево жртви на семејно насилство од нивниот татко
-
МЗШВ апелира за претпазливост: Зголемен ризик од пожари поради високите температури
-
Од 1 јули стапува забрана за движење во шумите