Нов директор на СЗО за Европа е Белгиецот д-р Ханс Клуге
Извршниот одбор на Светската здравствена организација (СЗО) објави денеска дека д-р Ханс Клуге, белгиски државјанин, ќе биде директор на СЗО за Европа во наредните пет години.
Тој ќе ја насочува меѓународната здравствена работа во над 53 земји во европскиот регион на СЗО, што ќе опслужува 900 милиони луѓе, се вели во соопштението на Регионалната канцеларија на СЗО за Европа.
Објаснувајќи ја својата визија за здравјето, д-р Клуге коментира: Секое дете, секоја жена и секој маж во нашиот убав и разновиден регион има право на здравје. Јас сум посветен кон пружање обединета акција за подобро здравје.
– Тоа значи применување на најдобрите податоци и докази, тоа бара зголемување на инвестициите во здравствената заштита, зајакнување на нашите здравствени системи за задоволување на потребите на луѓето и проширување на инклузивен и недискриминаторски пристап за здравствена заштита за сите. Со тоа, ние создаваме чесни, среќни, одржливи општества и генерациите што доаѓаат , истакна тој.
Ново на Сител
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Протест за Вардариште
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Шест пратеници влегоа во АНБ со иста цел, но различни барања
-
Пожарот во Дрисла ги угуши скопјани
-
Какви последици врз здравјето предизвикува горење на депонија?
-
Проф. Трајковски: Аерозагадувањето не смее да се прифаќа како нормално
-
Азир Алиу го промовираше Здравствениот совет - Најави и ангажман на лекари од приватно во јавни установи