Свет
1. April 2021 - 8:25

Нов црн рекорд во Бразил – Од Ковид-19 починаа 3.869 луѓе во изминатите 24 часа

 Рекорден број смртни случаи од Ковид-19 беа регистрирани во изминатите 24 часа во Бразил – 3.869, соопшти Министерството за здравство на земјата.

Во најголемата јужноамериканска држава вчера имаше 90.638 нови случаи, така што вкупниот број на заразени од почетокот на пандемијата е повеќе од 12,7 милиони.

Бразилското регулаторно тело за здравство синоќа ја одобри вакцината наЏонсон и Џонсон за итна употреба.