Нов бран на корона вирусот – Над 16% од тестираните во државните лаборатории позитивни на КОВИД-19

Нов раст на бројот на случаи позитивни на КОВИД19. По подолг период, повторно над 10% од тестираните биле позитивни на вирусот. Во текот на вчерашниот ден, од 1674 спроведени тестирања, 186 пациенти биле позитивни на КОВИД19 што е над 11%.
Од овие тестови, нешто помалку од половина или 811 се спроведени во државните лаборатории и тие покажале дури 130 позитивни резултати. Останатите 56 позитивни случаи се детектирани преку тестирање во приватни лаборатории, каде што во голем дел одат и граѓаните кои се тестираат поради патување. Па така, во државните лаборатории над 16% од тестираните се позитивни додека во приватните нешто над 6,5%.
Само вчера починаа 7 пациенти од кои најмладиот имал само 43 години.
По градови, очекувано најмногу активни има во Скопје, по што следи Куманово и Тетово.
Александар Спасовски
Ново на Сител
-

Во тек е акцијата за генерално чистење на Скопје
-

Конституиран советот на Град Скопје
-

Скопје добива и градски воз
-

Директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието, Илија Стоилев се уште во полициска станица
-

Бројот на пациенти со карцином на простата во постојан пораст
-

Започна генералното чистење на Скопје
-

Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-

Ѓорѓиевски ја презеде функцијата, најави целосна реорганизација
