Нов бран антивладини протести во Полска
Десетици илјади демонстранти се собраа на улиците од Варшава и уште во 20 други градови во Полска во текот на изминатиот викенд на протести против новата конзервативна влада.
Организатор на протестите е организацијата која се нарекува „Комитет за одбрана на демократијата“ во земјата, која тврди дека демонстрациите се спроведуваат за да се одбрани Уставот на Полска.
Бранот протести избувна откако новата десно-центристичка влада, одлучи да смени петмина од вкупно 15 судии на Уставниот суд, настојувајќи во највисоката судска власт во земјата да се најдат судии кои би биле блиски до неа.
Демонстрантите и критичарите на ваквиот план, што би значел смена на една третина од судиите, го окавалификуваат како обид за „партизација на Уставниот суд“ за да се „неутрализира“ неговата работа.
Според полските закони, Уставниот суд може да блокира владини одлуки и прописи, што критичарите тврдат дека новата влада сака да го оневозможи.
Партијата на „Правото и правдата“ победи на изборите во октомври, обезбедувајќи мнозинство во двата дома на полскиот Парламент.
Од редовите на оваа партија е и претседателот на државата.
Ново на Сител
-
Средна оценка 3.69 од државната матура во јунскиот испитен рок
-
Несовесните гости во македонскиот туристички бисер зад себе оставаат купишта ѓубре
-
Голем број прилепчани со замастен црн дроб поради нездрава храна и прекумерен алкохол
-
Преглед на вестите од светот
-
Полициска акција во Арачиново - Приведено едно лице за изнуда од 165 000 евра
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
Невреме со град во Скопје и низ државата
-
Политичките партии со осуда за ксенофобијата на трибини во Куманово, но и со меѓусебни обвинувања