Нов албум на Жељко Бебек
Легендарниот пејач Жељко Бебек денеска во Белград го промовираше својот нов албум „Оно нешто наше“, на ЦД и на плоча.
Се работи за дискографски проект кој се најавува подолго време, а беше навестен со синглот „Првак света“, промовиран на ЦМЦ фестивалот во Водици во 2015 година. На албумот се наоѓаат вкупно девет песни.
Продуцент на плочата е Бранимир Михаљевиќ, кој воедно е и автор повеќето песни.
- Трите сингла коишто настанаа пред самото излегување на албумот и реакцијата на публиката на нив, ми беа доволен знак дека дошло време за нов албум, а од последниот поминаа пет години. Влегов во студио и со Бранимир ги снимив песните, што пак, ги пеев уживајќи. И од моментот кога завршивме со снимањето, нестрпливо го чекавме денот кога и физички ќе го држиме в раце, изјави Бебек.
Тој додаде дека гостин на албумот е Оливер Драгојевиќ.
Ново на Сител
-
Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик
-
Православните верници го слават Велигден
-
ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско
-
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
-
Италија ја исклучи можноста за воена интервенција во Украина
-
Русија распиша потерница и за командантот на копнените сили на Украина, Пављук
-
Шолц го осуди нападот врз европратеник од германската Социјалдемократска партија
-
Состојба на патиштата