Нострадамус предвидува: Нафтата на Блискиот исток ќе биде запалена - многу експлозии и авиони ќе паѓаат од небото
Откако Иран ги нападна американските трупи, се појавија почитувачите на делото на Нострадамус кои тврдат дека тој го предвидел токму овој настан и го посочил како почеток на трета светска војна. Тие тврдат дека францускиот доктор и астролог Мишел де Нотр Дам, познат е по своите предвидувања кои до ден денес се анализираат, предвидел дека трета светска војна ќе избувне во 2020 година и тоа на Блискиот Исток.
Предвидувањата на Нострадамус велат дека “нафтата на Блискиот исток ќе биде запалена“, дека ќе се случат многу експлозии и дека “авиони ќе паѓаат од небото“.
Пророкот тврди дека војната во Ирак ќе биде прв сигнал дека светот каков што го знаеме наскоро ќе исчезне.
Еден пасус на Нострадамус особено предупредува на глобален конфликт.
Пророштвото на Нострадамус гласи: „Двапати подигнат и двапати соборен, Истокот ќе ослабне, но и Западот. Неговиот противник по неколку борби ќе биде пргонет по морето“.
На зборовите на Нострадамус потсетија и британските медиуми, односно Крејг Хамилтон-Паркер кој исто така имал визија дека на Блискиот исток ќе избувне војна, но тој предвидел и разорен конфликт на Блискиот исток, а не на глобално ниво, велејќи дека конфликтот ќе трае од 2020-та до 2021-та година.
Во конфликтот ќе бидат вклучени и “нередите во Иран“ и сеопшта војна помеѓу Саудиска Арабија и Иран.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова на средба со претставници на македонската дијаспора: Се работи на формирање Совет за дијаспората
-
Во Брисел ќе се расправа за подобра заштита на младите на интернет
-
Шест Бугари осудени на затвор во Велика Британија поради шпионажа за Русија
-
Пожар во куќата на британскиот премиер во северен Лондон
-
Грција и Италија ќе инвестираат над 700 милиони евра во грчката железница
-
Тајани: Путин треба да одлучи дали ќе има мир во Украина
-
Песков: Јазикот на ултиматум е неприфатлив за Русија
-
Франција мора да прифати илјадници работници мигранти за да го зачува својот социјален модел