Носел 40 бланко бугарски зелени картони, уапсен Косовец на „Миладиновци“
Уапсен косовски државјанин на патарина „Миладиновци“ кој превезувал стока без документација и околу 40 парчиња бланко бугарски зелени картони.
- На 12.10.2024 околу 09.30 часот на наплатна станица Миладиновци во Скопје, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода Ш.К.(32) од Косово. При контрола во патничкото возило „мерцедес“ со косовски национални ознаки, кое го управувал, во кое бил со уште едно лице, била пронајдена поголема количина стока за која не поседувал никаква документација и околу 40 парчиња бланко бугарски зелени картони, информира МВР.
Како што соопштува МВР, пронајденото било одземено, а лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска