Норвешка одобри меморијал за жртви на Брејвик
Норвешката Влада одобри изградба на меморијал за жртвите од нападите на десничарскиот екстремист Андерш Брејвик во младинскиот камп на Норвешката работничка партија на островот Јутоја, во кој беа убиени 69 лица, јави ДПА.
- Никогаш нема да ги заборавиме нападите врз седиштето на Владата и островот Јутоја на 22 јули 2011 година, изјави министерот за локална самоуправа Јан Туре Санер.
- Националните меморијали се важни за нас како нација за да има каде да жалиме, додаде тој.
Меморијалот, осмислен од шведскиот уметник Јонас Далберг, автор на модерни инсталации, вклучува големо ископување долж полуостровот, кој се наоѓа во близина на островот Јутоја, покрај Осло.
Проектот на Далберг беше избран во 2014 година и требаше да биде отворен минатата година. Локалните жителите протестираат со аргумент дека регионот не може да се соочи со очекуваниот прилив на посетители и превозни средства, но Владата ги отфрли нивните поплаки.
Санер изјави дека кабинетот се обидел да постигне компромис, но бил принуден да донесе одлука за да може меморијалот да биде изграден до летото 2017 година.
Брејвик беше осуден на 21 година затвор за убиство на вкупно 77 лица во двата напада.
Ново на Сител
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст
-
Донесени измените на Законот за средно образование