Норвешка ќе додели речиси милијарда долари за украинска бригада

Владата на Норвешка ќе додели 10 милијарди норвешки круни (939 милиони долари) за снабдување и тренирање на украинска воена единица, пренесе Укринформ, цитирајќи објава од норвешката влада.
“Норвешка стои заедно со Европа во поддршката за Украина – политички, економски и воено.”
Норвешкиот министер за одбрана, Туре Сандвик, изјави: “Зајакнувањето на копнените сили е од витално значење за Украина и затоа за 2025 година, одвојуваме 10 милијарди круни за таа цел.”
Владата предложи надополнување на воената асистенција за Украина со дополнителни 50 милијарди круни оваа година, со што целокупната норвешка поддршка за 2025 година ќе достигне 85 милијарди круни (приближно 7,9 милијарди долари).
Сандвик објави дека Норвешка и официјално се приклучила на интернационалната коалиција за беспилотни летала за Украина, предводена од Обединетото Кралство и Летонија.
Ново на Сител
-

Собранието дебатира за Владината реконструкција
-

Тема на денот со Александар Спасеновски, универзитетски професор
-

Поплава во ТППЕ Прилеп
-

Собранието дебатира за Владината реконструкција
-

Пропадна обидот на Левица за опозициски состанок за Изборниот
-

Ново видео со врсничко насилство
-

Запален автомобилот на обвинетиот судија Ѓоко Ристов
-

Градежно вештачење за „Пулс“, безбедноста целосно игнорирана
