Норвешка ги зголемува своите климатски обврски

Норвешка ги зголеми своите обврски за заштита на климата со најава дека емисиите на стакленички гасови ќе ги намали за најмалку 50 отсто.
Нордиската земја која не е во ЕУ, но тесно поврзана со неа, претходно вети дека ќе ги намали своите емисии за најмалку 40 проценти до 2030 година во однос на 1990 година, пренесува Бета.
– Норвешка е првата западна земја … која на Обединетите нации им соопшти дека ги зголемува климатските цели, изјави норвешкиот министер за клима и животна средина, Свеинунг Ротеватн, истакнувајќи дека најновата одлука е „важен чекор кон зелена транзиција“.
Норвешка – најголем производител на нафта и гас во Западна Европа, исто така е шампион со најголема концентрација на електрични автомобили во светот во споредба со бројот на жители.
Ново на Сител
-

ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води во 19 општини, СДСМ во 4, ВРЕДИ во 4, НАИ во 2 и Унија на Роми во 1
-

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Саботковски прогласи победа во Могила
-

Ѓорѓиевски со предност од 3:1 пред Мециновиќ, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ со предност и во Аеродром, Пробиштип, Кoчани и Валандово
-

ЈО: Изборниот ден помина мирно со само еден инцидент во Шуто Оризари
-

Во вториот круг за градоначалник е избран кандидатот кој добил поголем број гласови
-

До 18.30 часот излезноста во Куманово 33, 43 проценти од 79, 42 отсто обработени
-

До 18:30 часот гласале 40,45% проценти на ниво на држава
-

Герасимовски: Очекувам граѓаните повторно да ми ја дадат поддршката
