-->
-->
Нормализирано водоснабдувањето на Дојран
-->
Од доцна синоќа нормализирано е водоснабдувањето на Дојран. По дводневен прекин, предизвикан од голем дефект на станицата во месноста Деребаш, синоќа екипи на Јавното комунално претријатие „Полин“ успеaја да ја поправат пумпата, со која се црпи вода за снабдување на општината.
- Од доцна синоќа, со големи напори на вработените во комуналното претпријатие, нормализирано е водоснабдувањето. Се работеше за голем дефект кој успешно е саниран, информираше градоначалникот на Дојран, Анго Ангов.
Вчера и завчера наслението се снабдуваше со техничка вода од цистерни и од околните чешми.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мартинка на рака со верба за среќа
-
Опожарени викендица и овоштарник во Идризово
-
Зеленски: Единствено народот на Украина може да одлучи за мојата оставка
-
Рубио: Зеленски треба да се извини
-
Реакции на европските лидери по прекинатата средба Трамп - Зеленски
-
Студентски протест „Големиот едикт“ во Ниш
-
Променливо облачно со повремен локален дожд
-
Почнува Рамазанскиот пост