Нормализирана состојбата во охридско-струшкиот регион
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека по невремето, состојбата во охридско-струшкиот регион е нормализирана. И покрај прелевањето на акумулацијата Глобочица, по течението на Црн Дрим нема опасности за причинување штета на патот Струга-Дебар.
До овој момент нема пријави за причинета штета: поплави, пад на дрвја,.., а испуштањето на водите од Охридско езеро преку Црн Дрим е во постојана координација со ЕЛЕМ.
- Надлежните субјекти целосно ја следеа состојбата, согласно насоките кои претходно беа договорени и по престанување на невремето пристапено е кон санирање на последиците и причинетата штета. Најпогодена беше крајбежната линија на потегот од населба Канео до централното градско подрачје во Охрид, а во Струга делот од машка и женска плажа, соопшти ЦУК.
Нивото на Сатеска и Коселска е во благ пораст во однос на претходните денови, но нема опасност од прелевање.
Во однос на функционирање на останатата инфраструктура (колектор, водоснабдување, електроснабдување), не се забележани прекини.
Ново на Сител
-
Избран нов Виш обвинител во скопското обвинителство
-
Нова компресорска станица на скопските клиники
-
Безбеден интерент за младите
-
Во ера на дигитализација младите не спортуваат
-
Телешко месо во месарите по цена од над 800 денари за килограм, а фармерите со „кратки ракави“
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
Филипче: Родовите прашања се сведуваат на прашања за доминација, тоа е погрешно