Нормализиран сообраќајот на правецот Пехчево - Равна Река
Од денеска е нормализиран сообраќајот на патниот правец Пехчево - Равна Река, соопшти Живко Каликов од Општина Пехчево.
Вчера, како што објасни тој, е санирано свлечиштето на овој патен правец, па сообраќајот од денеска е нормализиран за сите видови моторни возила.
- На санирањето на патот учествуваа над десетина возила и петнасетина работници. Фирмата Вардар градба – Скопје, која ги гради хидроцентралите на туристичката населба Равна Река и екипи од општина Пехчево, кои работеа на санирање на патот, рече Каликов.
Општина Пехчево до сите учесници во сообраќајот препорачува да бидат внимателни при движењето по овој пат, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја прилагодат брзината на движење кон условите на патот.
Свлечиштето на овој патен правец се појави поради обилните врнежни, па сообраќајот беше во прекин изминатите пет дена.
Ново на Сител
-
ЛДП поднесува предлог-закон за една изборна единица и отворени листи
-
Филипче бара фокус на ЕУ агендата
-
ВМРО-ДПМНЕ за модуларните
-
Какви предности ќе донесат измените на Закон за царини?
-
Се подобрува здравствената состојба на дел од повредените во трагедијата во Кочани
-
По 51-ви пат во Долнени грмнаа тапаните, писнаа зурлите и кавалите, се одржува фестивалот „Пеце Атанасоски“
-
Во пораст бројот на деца со деформитети
-
Преглед на вестите од светот