-->
-->
Нормализиран сообраќајот на патот Удово - Гевгелија
-->
Сообраќајот на магистралниот пат Удово - Гевгелија повторно е нормализиран откако утрово беше во прекин поради сообраќајна незгода.
На останатите државни патишта сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемен, а на граничните премини не се забележани подолги задржувања за влез и излез од државата.
-->
-->
-->