Македонија
8. April 2017 - 18:54

Нормализиран сообраќајот на патот Куманово-Св.Николе

Попладне во 17:50 часот е нормализиран сообраќајот на патниот правец Куманово - Св.Николе, кај надвозник „Сателит“.  Сообраќајот беше во прекин од 14:30 часот поради сообраќајна несреќа.

Како што информира Автомото сојузот на Македонија, сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста  појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.