Ноќно бележење на улиците во Скопје
Екипите на ЈП „Улици и патишта“ ја продолжија акцијата за обележување на хоризонталната сигнализација на градските улици и булевари во Скопје во ноќните часови, кога е намалена фрекфенцијата на возилата.
- Во тек на изминативе денови рачно се бележеа сите пешачки премини на Јужниот булевар и на булеварот „Мајка Тереза“, пешачките премини со ознаките „школо“ на улиците „Тодор Александров“ и „Ацо Караманов“, како и пешачките премини на булеварот Гоце Делчев, под скопското Кале. Машински беше обележан булеварот „Никола Карев“, на потегот од клучката „Детелинка“ кај Бит-пазар до објектот на Американската амбасада, соопшти денеска канцеларијата за информирање на Град Скопје.
Паралелно со обележувањето на хоризонталната сигнализација на градските улици, се вели во соопштението, деновиве се обновуваше и вертикалната сигнализација. Дел од оштетените сообраќајни знаци на градските улици беа поправени, а каде што имаше потреба без поставени нови сообраќајни знаци.
Ново на Сител
-
Нови инвестиции и вработувања во ТИРЗ
-
УЈП го имала казнето сопственикот на Пулс, тој ја платил глобата, а му било запечатено другото кафуле во Кочани
-
30 семејства без вода во домовите во најтоплите денови од годината
-
Муцунски: Сакаме во ЕУ но имаме и црвени линии
-
Фетаи: Кривични за неуставниот попис
-
Расте бројот на странски инвестиции
-
Топлотниот удар го зема ,„Данокот“
-
Недостигаат хотели на брегот на езерото