Ноќниот слалом за Хиршер
Австрискиот актуелен седумкратен шампион од Светскиот куп во алпско скијање, Марсел Хиршер доминираше на ноќниот класичен слалом во Шладминг за своја 10. победа оваа сезона.
Хиршер водеше со речиси цела секунда по првото возење, а беше најбрз и во второто за на крајот да победи со 1.21 секунди пред Французинот Алексис Пинтуро. Швајцарецот Даниел Јул беше трет со 1.60 секунди заостанување, додека остатокот од скијачите заостануваа апсолутно неверојатни 2.25 секунди.
Французинот Клемен Ноел, кој победи на последните два слаломи во Венген и Кицбил згреши во првото возење, а Норвежанецот Хенрик Кристоферсен излета во второто возење.
Ова беше последен слалом пред Светското првенство во шведскиот Оре од 5 до 17 февруари, каде што Хиршер ги брани титулите во слалом и велеслалом.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива