Ноќеска полицијата ловеше пијани возачи: 55 лица останаа без возачка дозвола, им следува и парична казна
Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 22/23.09 .2018 година во периодот од 23.00 до 05.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје. Од страна на полициски службеници контролирани се вкупно 244 возачи, алкотестирани биле вкупно 133 возачи ,a кај 55 од нив утврдено е присуство на алкохол во крвта, а еден од нив одбил да подлежи на алкотестирање. По однос на констатираните прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се вкупно 55 мерки.
Исклучени се 56 возачи од сообраќај, времено се одземени 55 возачки дозволи, издадени се 55 мандатни платни налози , еден прекршочен платен налог и откриени се 75 останати прекршоци.
Во текот на вчерашниот ден се до 24:00 часот во врска со контрола на брзина на движење на моторни возила: 80 возачи ја пречекориле брзината во населено место. Преземени се 80 мерки во врска со акциската контрола, издадени се 70 платни налози, два прекршочни платни налози, писмено опоменати се осум возачи, откриени се 32 останати прекршоци, издадени 17 платни налози и 15 мандатни платни налози.
Ново на Сител
-
Усвоена информација за склучување на договор за соработка помеѓу Железници инфраструктура и Јавното тело на Министерството за транспорт на Обединетото Кралство Кросрејл Интернешнал Лимитед
-
Во вториот квартал нето надворешниот долг изнесува 4.595 милиони евра
-
Калас: Признавањето на Палестина нема да ја подобри хуманитарната состојба во Газа
-
79-годишник од скопско пронајден починат во неговиот дом
-
16-годишен штипјанец тепал друг малолетник со боксирач и тешко го повредил
-
Семејствата на жртвите од „Рибникар“ бараат намалување на старосната граница за кривична одговорност на 12 години
-
Кривична за двајца струмичани, едниот возел украден мотор, другиот на велосипед „превезувал“ железна биста
-
На 28 септември осветување на храмот „Св. цар Константин и царица Елена“ во Скопје