Ноќеска ќе биде најтоплата ноќ во историјата: Европа се подготвува за пеколни денови и нов топлотен бран
Северозападна Европа оваа недела се подготвува за продолжување на летните горештини какви што владеја и на крајот на јуни. Париз веќе воведе трет од четирите степени од планот за одбрана од големите горештини.
Од Франција преку земјите на Бенелукс до Германија метеоролошките служби издадоа предупредувања. Температурата во среда или четврток повторно ќе достигне до 40. степен по што кон крајот на неделата ќе падне. Британските метеоролози најавуваат дека ноќва, од понеделник спрема вторник ќе биде најтопла ноќ во историјата.
Во Франција топлотниот бран би можел да потрае пократко отколку во јуни кога на 28 тој месец беше урнат апсолутниот температурен рекорд во Вераргуес, на југот каде се измерени 46 степени. Овој пат „не очекуваме температури од 45/46 степени Целзиусови, но северната половина од земјата би можела многу повеќе да ја почувствува горештината, објави Метео-Франс.
Француската престолнина прогласи четврти степен на одбрана од топлотен бран кој предвидува отворање на „сали за освежување“ во јавните објекти и поставување на привремени јавни чешми и распрскувачи на влада како и низа мерки наменети за постарите лица, кои се најголеми жртви од летните жеги, кои само во 2003 година во Франција однесоа 15.200 животи.
Четириесетина степени се очекува и во метрополите на централна и северна Италија посебно во Фиренца и Ферари. Југот и централна Европа овој пат ќе бидат поштедени од пеколните горештини. Овој пат врелиот бран од кој стравува западна Европа ќе го заобиколи Балканот.
Во четврток горештините ќе се преселат во земјите на Бенелукс (Белгија, Холандија и Луксембург). Можно е тие три земји првпат да почувствуваат температура од 40 степени Целзиусови и повеќе.
Во Белгија Кралскиот метеоролошки завод (ИРМ) издаде предупредување поради големите горештини, кое ќе биде на сила се до петок на полноќ. Австрија пак објави „портокалово“ предупредување за четврток и за петок, но само за западот од земјата.
Во Португалија ударите на ветерот и сушата ја отежнуваат борбата со големите пожари кои од саботата го пустошат планинското подрачје во средиштето на земјата.
Ново на Сител
-
Родители во Велика Британија поднесоа тужба против ТикТок поради податоци за починати деца
-
Македонија со пораз од Естонија остана без пласман на Европското кошаркарско првенство
-
Доктор: Животот на папата Франциск не е во опасност, тој е добро расположен
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија