Ноер повторно тренира по пауза од пет месеци
Голманот на германската репрезентација и на Баерн Минхен, Мануел Ноер (37), се врати во тренажен процес пет месеци откако се повреди, објави денеска баварскиот фудбалски гигант.
Ноер минатата зима на скијање доби фрактура на десното потколено и се хеликоптер итно беше пренесен во болница каде следниот ден беше опериран.
Баерн објави попладнево дека Ноер се вратил на теренот и почнал со индивидуални тренинзи.
„Среќен сум и не поставувам конкретен датум за враќање. Се обидувам да сторам сè што можам за да извлечам максимум и да напредувам што е можно побрзо“, порача Ноер.
„Секој ден е чекор напред“, додаде германскиот чувар на мрежата, кој во дресот на Баерн има 489 настапи, освојувајќи 29 трофеи, од кои десет титули германски првак и две во Лигата на шампиони.
Откако Ноер се повреди, Баерн го ангажираше швајцарскиот голман Јан Зомер (34), кој потпиша договор до лето 2025 година.
Ново на Сител
-
Муртезани: Очекувам да расте бројот на пратеници
-
Мицкоски: Жалам за одлуката на Таравари
-
Прв состанок на националниот консултативен механизам за Реформската агенда
-
Струмица со план против загадениот воздух
-
Преглед на вестите од светот
-
Фетаи: Нема да дозволиме ДУИ да се врати како ништо да не се случило
-
Мицкоски најавува промени во Владата
-
Тема на денот со Весна Мојсова-Чепишевска