-->
-->
Негативен природен прираст во третиот квартал од годинава
-->
Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2023 година, бројот на живородените се 4 453 деца и во споредба со истиот период од претходната година е помал за 9.8 %.
Бројот на умрените лица во третото тримесечје од 2023 година бележи намалување од 6.8 % во споредба со истото тримесечје од 2022 година, односно починале 4 747 лицa, а од нив 8 се умрени доенчиња.
Природниот прираст е негативен, - 294 лица, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.
Во третото тримесечје од 2023 година се склучени 4 116 бракови, што претставува намалување од 11.4 % во споредба со истиот период од 2022 година.
Во ова тримесечје се разведени 301 брак.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
12 години затвор за Васил Јованов, таткото на Фросина ја напушти судницата
-
Таравари оди во опозиција - Кој ќе го земе Министерството за Здравство?
-
Јаневска: Јавна тајна е дека дел дипломите кои ги добиваат студентите не се заслужени
-
Над 2000 медицински сестри лани ја напуштиле државата
-
Преглед на вестите од светот
-
Павловски: Македонија треба да биде прва во Европа по крипто бизнисот за да се развие
-
Таравари го свика партиското раководство
-
Тема на денот со Крис Павловски