Безбедносната состојба во земјава стабилна, не очекува неизвесна година на економски план
Безбедносната состојба во земјава е стабилна и во моментот не постои директна закана. На највисоко ниво е подигнато нивото на заштита, а се очекува засилување на опасноста од кибер напади по нападот на Русија врз Украина. Внимателно се следи состојбата во Украина, уверува државниот врв во земјава.
Предизвикот кој стои пред земјава е повеќе од економска природа, која е од глобални размери, но од Владата уверуваат дека се подготвени и дека ќе одговорат соодветно со цел да се намали притисокот врз граѓаните, домаќинствата и стопанството.
Државниот врв и вчера со осуда за воената агресија на Русија врз Украина и апел да се прекинат воените дејствија.
– Сведоци сме на немили настани кои сметавме дека се далеку зад нас, и кои верувавме дека никогаш нема да се повторат на нашето европско тло. Воената агресија на Русија против Украина која веќе однесе многу човечки животи е чин кој силно го осудуваме. Тоа е кршење на меѓународното право и е закана за евроатланската безбедност. Уште еднаш сакам да посочам дека заедно со сојузниците бараме итен прекин на воените дејствија. 21-иот век треба да е век на дијалог, не на војни, порача премиерот Димитар Ковачевски во вчерашното обраќање до јавноста.
– Бев во комуникација со министерот за здравство и со директорот на трансфузија. Единици на крв имаме обезбедено. Сега разговараме како тие да ги префрлиме во Украина, но сето тоа ќе го направиме во координиран начин во кој сета помош ќе се аранжира во рамки на комуникацијата на цивилните механизми, изјави вчера шефот на македонската дипломатија Бујар Османи.
Очекувањата на Асоцијацијата на хотелиери (ХОТАМ) се дека руско-украинската криза негативно ќе се одрази врз туризмот во земјава.
– Цените не можеме да ги задржиме, се намалува моќта на секој турист од било која држава да направи одмор од 15 до 20 дена. Вака би направил пет дена, ако воопшто би дошле. Имаше јавувања, односно интерес од украински и руски тур оператори со оглед дека имаме и лет од Русија. За почеток беа на добро ниво, но со збиднувањата сега се затворни, не се знае што ќе биде понатаму. Се надеваме на добар компромис и разум кај сите големи сили да можат ова да го решат што побрзо и да одиме понатаму, изјави претседателот на ХОТАМ, Крсте Блажевски.
Според Блажевски, хотелските капацитети на охридско-струшката ривиера се подготвени доколку има потреба да прифатат бегалци од Украина.
Преку безбедносен коридор евакуирани се македонските дипломати од Украина, а почнат е и процес за евакуација на 30 наши монитори во рамки на Специјалната мониторинг мисија, потврди вчера шефот на македонската дипломатија Бујар Османи.
– Одлука за евакуација на нашите дипломати имаме донесено на денот на руската агресија во Украина, но поради отежнатите околности, тие не беа во состојба да ја напуштат Амбасадата. Целиот овој период беа во скривница. Потоа преземавме неколку координации со наши партнери и успеавме пред половина час да ги извлечеме нашите дипломати преку безбедносен коридор и тие се веќе тргнати кон Молдавија, изјави Османи.
Семејствата на дипломатите, како што информира, се вратени во земјава уште пред две недели, а дипломатите се извлечени последни со цел да им излезат во пресрет на македонските граѓани во Украина и да се издаваат патни листови.
– Дипломатите од скривница даваа патни листови на граѓани на различни форми, но сепак вчера донесовме одлука да се евакуаираат на безбеден начин. Станува збор за двајца дипломати и уште двајца граѓани кои беа заедно си дипломатите во Амбасада, наши државјани. Едно семејство случајно е придружено со дел од мониторинг мисијата на ОБСЕ која се упатува кон Молдавија, со други граѓани сме во комуникација за да најдеме начин како да ги извлечеме, вклучувајќи ги и семејствата на нашите државјани кои се украински државјани. Има наши државјани кои се мажени или женети со граѓани од Украина. Помина одлука на Влада со која и на нивните семејства ќе им обезбедиме засолниште во земјава, но треба прво да се обебезди безбедносен коридор за евакуација, рече Османи.
Во соработка со партнерски земји обезбеден е и транспорт за евакуација на наши државјани во Одеса, а дополнително се прават напори да се обезбедат начини за евакуација на македонски граѓани и од Харков и Киев.
– Поради тоа, апелираме нашите државјани кои се наоѓаат во Одеса, итно да го контактираат Министерството, со цел достава на податоци и координација на процесот за евакуација на дежурниот телефонски број +389 75 273 732. Воедно, Министерството остварува комуникација со нашите државјани со чии податоци располага, со цел достава на насоки за постапување, се вели во соопштението од МНР.
Се прават напори да им се помогне и на наши транспортери на камиони кои поради воените дејствија во Украина се заглавени на украинско-полската и украинско-романската граница.
– Амбасадите во Букурешт и Варшава, цел ден активно комуницираат со полските и романските власти, а се обидуваат и преку украинските конзулати во Романија и Полска да им помогнат на овие наши превозници за да ја напуштат украинската територија без да претрпат економски последици, соопшти вчера МНР.
Од МНР апелираат до сите транспортни превозници да се воздржат од проток и патувања кон Украина затоа што, како што наведуваат, состојбите се крајно непредвидливи и нашите институции не можат да ја гарантираат нивната безбедност.
Ново на Сител
-
Реакција на Фрчкоски по прес-конференцијата на Муцунски
-
Рогов: Руските сили го освојуваат Курахов
-
Новата сириска влада ги предупреди граѓаните да не крадат јавен имот
-
Слаб снег провејува на Попова-Шапка и на преминот Пресека
-
Скопјанец нападнат од сопственик на авто сервис во Чаир
-
Охриѓанка измамена за 300.000 денари
-
Почна автобуски превоз од Тетово до Попова Шапка, градоначалникот најави поддршка за ски центарот
-
Опожарено возило во Аеродром, нема повредени