Северна Кореја истрела „неидентификуван проектил“
Северна Кореја истрелала „неидентификуван проектил“, соопшти утринава јужнокорејската војска, по едномесечниот прекин на огнот без истрелан проектил, за време на Олимписките игри во Пекинг.
„Северна Кореја истрела неидентификуван проектил во насока на исток“, се наведува во соопштението на јужнокорејскиот здружен Генералштаб, без да се ддат дополнителни детали.
Пјонгјанг во јануари истрела дури седум проектили, вклучувајќи ја и едната од најмоќните ракети лансирани од 2017 година.
Режимот во Пјонгјанг, исто така, предупреди дека може да го укине мораториумот што го воведе за тестирање на интерконтинентални балистички ракети и нуклеарни тестови.
Северна Кореја го запре лансирањето ракети и тестирањата за време на Зимските олимписки игри во 2022 година во Пекинг , можеби поради почит кон својот кинески сојузник, велат експертите.
Демонстрацијата на моќ на Северна Кореја доаѓа во чувствителен момент за регионот додека Јужна Кореја се подготвува за претседателските избори на 9 март.
Аналитичарите проценуваат дека Пјонгјанг би можел да ја искористи следната годишнина – 110 години од раѓањето на Ким Ил-сунг на 15 април – за тестирање помоќно оружје.
Ново на Сител
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, коалиција Сите за правично судење
-

Глувци шетаат на таванот во тоалетот на студентскиот дом “Пелагонија”
-

Преглед на вестите од светот
-

Кривична пријава за Блерим Беџети за градба во Сарај, тој вели се врши политички прогон врз него
-

СДСМ: Дали во случајот со ИПАРД е вмешан и премиерот?
-

„Почекајте ќе видите“ - вели Мицкоски
