Нобеловци до саудискиот крал: Спречете ги егзекуциите на 14 млади лица
Десетмина нобеловци апелираа до саудискиот крал Мохамед бил Салман да покаже милост и да го стопира егзекутирањето на 14 млади луѓе осудени на смртна казна поради учество во протестите во 2012 година.
Лауреатите во писмото доставено вчера до Обединетите нации наведоа дека смртна казна е изречена за 14 припадници на шиитското малцинство на масовното судење, поради учество во протестите, кои саудиските власти ги окарактеризираа како „вооружен бунт“.
Добитниците на Нобеловата награда исто така тврдат дека саудиските власти ги изнудиле нивните признанија и дека уапсените биле физички малтретирани.
Меѓу оние за кои е изречена оваа пресуда е и Муџтаба ал Свеикат, кој е уапсен пред да полета за САД заради школување на Универзитетот во Мичиген. За време на апсењето тој имал 18 години.
Американската федерација на наставници го повика претседателот на САД, Доналд Трамп од Саудиска Арабија да побара да се откаже од погубувањето на Ал Свеикат и другите лица.
Меѓу потписниците на писмото се поранешните претседатели на Полска, Јужноафриканската Република и Источен Тимор, Лех Валенса, Фредерик де Клерк и Жозе Рамош Орта и јужноафриканскиот борец против апартхејдот, Дезмонд Туту.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција
-
Повредени двајца пионери на Брегалница
-
Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии
-
Продолжуваат партиските активности за локалните избори
-
Кондарко: Изборите ќе течат без застои
-
Експерти од Италија и Словенија ќе испитуваат што се случувало на приватните кардиохирургии