ОН: Нобеловата награда за Тунискиот квартет е позитивен сигнал
Обединетите нации изразија задоволство поради тоа што Нобеловата награда за мир за 2015 година му беше доделена на Тунискиот квартет за национален дијалог.
- Им честитам на квартетот, имаме потреба од помошта на граѓанското општество, за да постигнеме напредок во мировниот процес. Тунис е прекрасен пример, една од арапските земји со најдобри постигнувања по бунтовните во тој дел од светот. Честитки заслужуваат и туниската Влада и народ, истакна портпаролот на ОН во Женева, Ахмад Фавзи.
Нобеловата награда за мир за 2015 година доделена му е на Тунискиот квартет за национален дијалог „за неговиот решавачки придонес за изградба на плуралистичка демократија по револуцијата од 2011 година“, објави денеска Норвешкиот Нобелов комитет.
Квартетот невладини организации беше формиран летото 2013 година, откако процесот на демократизација на Тунис беше во опасност поради политички убиства и бран социјални протести.
Ново на Сител
-
Араухо ја известил Барселона дека сака да си замине
-
Милановиќ убедлив победник во вториот круг претседателски избори во Хрватска
-
Излезни анкети: Милановиќ убедливо го победи Приморац на изборите во Хрватска
-
Волц: Во тек се подготовки за состанок меѓу Трамп и Путин
-
До крајот на денот облачно и студено време со повремени врнежи од снег, најмногу снег има на Попова Шапка
-
Тојота се движи кон целосно враќање во Формула 1
-
Седлоски: Ќе го нападнеме трофејот во Купот на Македонија
-
Мицевски и Брдаровски заминуваат од Вардар