НЛО над Хрватска, погледнете што сними оваа девојка над Задар
Жителка на Задар тврди дека во саботата вечер, ноќта околу 3 часот на небото над Задар снимила НЛО:
Не и било јасно за каква појава се работи, па на редакцијата на локалниот весник и испратила фотографија и видео снимка од непознати летечки објекти над задар.
-Ви испраќам нешто што можеби и вас ќе ве зачуди како и мене. Вечерта излеговме со друштво на журка, но на пат кон дома околу 3.30 часот наутро нешто не шокираше и исплаши. Забележав две необични светла на небото. Неверојатно беше то ашто не се мрдаа, а со оглед на тоа што мојата диоптрија е малку слаба, ги снимив со мобилен телефон. Се надевам дека ќе успеете да откриете за што се работи, вели девојката.
Таа се прашува дали станува збор за ѕвезди или метеори, или можеби некои од руските или американските шпионски сателити.
-Ова е навистина ќудно, а не сакам да ви зборувам дали се тоа вонземјани, зошто не верувам во нив. Поздрав, напишала збунетата девојка од Задар.
Ново на Сител
-
Болните, затворениците и лицата во старските домови први гласаат на двојните избори
-
Акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите на 8 мај
-
Израел испраќа делегација на преговорите и ги продолжува операциите во Рафа за да изврши воен притисок врз Палестинците
-
Одбележување на Денот на полицијата, посебен сообраќаен режим во општина Аеродром
-
Стано: Амбасадорите на ЕУ, САД, Германија, Велика Британија, Балтичките земји, нема да присуствуваат на инаугурацијата на Путин
-
Сообраќајот непречено, по претежно суви коловози
-
Сончево и топло со мала до умерена облачност
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори