Њујоршката полиција застрела човек вооружен со касапски нож
Њујоршки полицајци гонеа маж кој претходно ги нападнал со касапски нож, во сообраќајниот метеж по улиците на Менхетн. Напаѓачот бил неутрализиран со 18 истрели, пренесува БТА.
Властите во Њујорк соопштуваат дека напаѓачот, по име Акрам Џудех, кој живеел во своето возило, изгубил самоконтрола откако некој на покривот му ставил чизма. Заменик началникот на њујоршката полиција, Џејмс О'Нил изјави дека Џудех извадил касапски нож и им се заканувал на полицајците од станицата „Пен стејшн" и кога тие се обиделе да го уапсат, пружал отпор и ранил еден од нив во пределот на лицето. Откако обидите за совладување со електричен пиштол биле неуспешни, полицајците посегнале по своето огнено оружје.
Напаѓачот е однесен в болница и е во критична состојба.
Ново на Сител
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата