Њујорк Тајмс: Генералот Суровикин знаел за планот на Пригожин
Генералот Сергеј Суровикин, заменик-командантот на руските воени операции во Украина, знаел дека платеничкиот водач Евгениј Пригожин планира бунт против московското воено раководство, пишува „Њујорк Тајмс“.
„Њујорк тајмс“ се повикува на американски претставници запознаени со американското разузнавање за бунтот на Пригожин и наведува дека официјалните лица „се обидувале да откријат дали генералот Сергеј Суровикин, поранешниот врховен руски командант во Украина, помогнал во планирањето на акциите на Пригожин минатиот викенд“.
Пригожин замина во егзил во Белорусија во вторникот, според договорот со кој заврши кусиот бунт на борците на Вагнер во текот на викендот, додека претседателот Владимир Путин ги пофали неговите вооружени сили за избегнување граѓанска војна.
„Њујорк тајмс“ објави дека американските власти, исто така, рекле дека има знаци дека други руски генерали можеби го поддржувале Пригожин. Ројтерс не можеше независно да го потврди извештајот.
Пентагон се уште не одговорил на барањето на Ројтерс за коментар. Кремљ и руското Министерство за одбрана, исто така, не одговорија на прашањата на Ројтерс.
Ново на Сител
-
Алкалоид осминафиналист во Европскиот куп
-
Во Грузија и вечерва продолжија антивладините протести
-
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си
-
Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
-
Прегазен пешак во Битола, итно пренесен на Клиника
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје