-->
-->
„Њујорк тајмс“: ФБИ ќе и помага на Русија во истрагата за авионската несреќа во Египет
-->

ФБИ ќе и помага на Русија во истрагата на авионската несреќа во Египет, пишува весникот „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на високо позиционирани американски безбедносни претставници.
Русите упатиле вакво барање до ФБИ, што е вистинска реткост, и ФБИ се согласило, додаде весникот.
Според американските претставници, Русите побарале помош за анализи, кои точно ќе треба да утврдат што довело до падот на рускиот авион во Синај.
Истовремено, шефот на египетската истражна комисија за авионската несреќа Ајман ал Мукадам, соопшти дека во истрагата помагаат 58 истражители и технички советници од Египет, Франција, Русија, Ирска и Германија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
-

Нов случај на врсничко насилство, прободено 12 годишно момче
-

Пожарите изгаснати, штетите огромни
-

Расправа за ребалансот
-

Над 5.000 граѓани се пријавиле за мерката самовработување, во Прилеп досега пријавени 316
-

Трамп со пораки од Маунт Рашмор
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
