Њујорк пост: Не е исклучена можноста за координирани напади врз црквите
Шефовите на главната пожарникарска служба на градот Њујорк (ФДНУ) истражуваат за тоа дали пожарот врз Соборната црква Свети Сава на Менхетн е поврзан со пожарите во православни цркви во Австралија и Русија, објавено е денеска на сајтот на „Њујорк пост“, кој се повикува на неименувани извори.
Истите извори објасниле дека не е исклучена можноста дека станува збор за координирани напади врз православната вера, наведува њујоршкиот весник.
-Сакаме да утврдиме дали постои каква било врска (меѓу пожарите), изјавил извор близок со истрагата, додавајќи дека претставниците „пробуваат да добијат информации од прва рака“, од црквите во Австралија и Русија.
Неименуваните извори констатирале дека пожарите избиле во ист ден и дека црквите во кои се случиле припаѓаат на иста вера.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Македонија под снег - Радост за најмладите, проблеми за возрасните
-
Македонија под снег - радост за најмладите, проблем за возрасните
-
Охрид се мобилизира
-
УХМР најавува снежни врнежи и утре
-
Панихида за Мара Бунева во Скопје
-
Секој втор граѓанин има картичка, но плаќа во кеш за нарачки по интернет
-
Две нови стамбени зони во Штип со куќи за индивидуално домување