-->
-->
Њујорк неочекувано подобар од Сан Антонио
-->
Синоќа се одиграа три натпревари во НБА лигата.
Во дербито на Западот, Денвер го совладаа Лос Анџелес Клиперс со убедливи 123-96
Најзаслужен за четвртата победа во низа за „Нагетси“ беше Никола Јокиќ, кој мечот го заврши со „дабл-дабл“ учинок со 22 поени и 16 скока. Србинот, поддршка имаше од Пол Милсап, кој постигна 21 поен, а Џамал Мареј застана на 16 поени.
Орландо ја продолжи битката за пласман во плеј-офот, откако на гостински терен славеше значајна победа против фаворизираниот Торонто со 113-98.
Црбогорецот, Никола Вучевиќ имапе дабл-дабл со 23 поени и 12 скока, додека најефикасен кај победниците беше Теренс Рос со 28 поени. Кај домаќините Кајл Лаури мечот го заврши со 19 поени.
Во последниот натпревар, еден од двата најслаби тим во лигата сезонава Њујорк на домашен терен го совлада Сан Антонио со 130-118 со што ја прекина низата од 18 порази на домашен терен во „Медисон Сквер Гарден“
Демијен Дотсон со рекордни сезонава 27 поени го предводеше тимот на „Никси“ до само 12-тата победа сезонава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неколку лица загинаа, а повеќе се повредени кога возило влета во публиката на фестивал во Канада
-
Облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд
-
Прва жена фоторепортер | Maja Јаневска | ПРОфесија | Sitel Podcast 092
-
Промоција на македонски вина и вински туризам утре во Тирана
-
ОЈО поведе истражна постапка против скопјанец кој со мотоцикл удри 10-годишно девојче на пешачки премин во Чаир
-
Макрон по средбата со Зеленски: Украина е подготвена за безусловен прекин на огнот
-
Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи
-
Путин: Курск е целосно ослободен