Њујорк избира градоначаник
Над четири милиони жители на Њујорк денеска гласаат за избор на градоначалник, во трка во која се очекува демократскиот кандидат Бил де Блазио да освои втор мандат.
Противкандидати на Де Блазио се републиканската кандидатка Никол Малиотакис и поранешниот полициски детектив Бо Дитл, кој настапува како независен кандидат.
Де Блазио ја освои функцијата во 2013 година, благодарение на секс скандалот на Ентони Винер, кој беше принуден да се повлече од трката.
Во изминатите четири години, Де Блазио ја укина полициската тактика на улични претреси на сомнителни минувачи, воведе јавно финансирани градинки за деца на возраст од мад четири години, која сега ветува да ја прошири на тригодишните деца, и го промовираше градењето на социјални згради.
Де Блазио ја запре и полициската програма за следење на џамиите во Њујорк, за да се контролира евентуалното ширење на радикални идеи.
Малиотакис го обвинува Де Блазио дека го претворил градот во слободна зона за илегални мигранти, и им дозволил да добиваат финансиска помош за посетување на државните универзитети. Малиотакис го обвинува Де Блазио и за порастот на бројот на бездомници во Њујорк.
Стапката на криминал во Њујорк во мандатот на Де Блазио се намали и покрај стравувањата дека неговите политики, пред се во ограничувањето на овластувањата на полицијата, ќе доведат до пораст на криминалот.
Полициските синдикати сепак останаа непомирливи противници на Де Блазио, особено откако градоначалникот ги обвини полицајците за расизам кон афроамериканските жители по убиството на уличен продавач на цигари. Стотици полицајци летоска му свртеа грб на Де Блазио за време на погребот на полицајка убиена на должност, а сличен протест беше организиран и при погребот на двајца полицајци убиени од страна на припадник на афроамериканска банда која намерно напаѓала полицајци.
Де Блазио имаше крајно лоши односи со гувернерот на државата Њујорк. Ендрју Куомо, што честопати се одразуваше на функционирањето на градските власти.
Ново на Сител
-
„Независни заедно“ ја промовираа Билјана Ивановска како кандидат за градоначалничка на општината Центар
-
СУТКОЗ ќе му поднесе кривична пријава на директорот на Паркови и зеленило оти не им дава плати на вработените во Флораком и Луна
-
Од 15 август стартува „училишната кошничка“
-
Преглед на вестите од светот
-
Уставен ќе ја оценува уставноста на протоколот со Бугарија - Поповска очекува да биде прогласен за ништовен
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-
Мицкоски: 24 години по Рамковниот - Заедно сме посилни
-
Што е постигнато со Рамковниот договор на економски план?