Њујорк: Епидемија на мали сипаници, задолжителна ММР вакцинација
Градоначалникот на Њујорк Бил де Блазио денеска во делови од Бруклин прогласи за задолжителна ММР вакцинација за жителите кои живеат во загрозените подрачја, во спротивно ќе се соочат со казни.
-Најголемата епидемија на мали сипаници во градот од 1991 година е во голема мера ограничена на ортодоксната еврејска заедница во Вилијамсбург, дел од Бруклин, со 285 потврдени случаи од октомври, во споредба со само два пријавени случаи во 2017 година, изјави де Блазио.
-Тука е епицентарот на епидемијата на мали сипаници, што е многу загрижувачко и ние треба веднаш да дејствуваме, рече градоначалникот на Њујорк.
Меѓу 285 потврдени случаи, само 39 не се деца.
Според одлуката на градоначалникот, луѓето кои живеат во тој дел од Бруклин и кои не биле вакцинирани против сипаници, а постои можност тие да биле изложени на вирусот, мора да добијат ММР вакцина, односно вакцина против мали сипаници, рубеола и заушки.
Досега нема смртни случаи, но околу 20 лица биле хоспитализирани, а петмина биле примени на интензивна нега.
Оние кои не ја примиле ММР вакцината и не можат да дадат друг доказ за имунитет, како на пример доказ дека претходно имале мали сипаници, се соочуваат со парична казна до 1.000 долари.
Ново на Сител
-
ДИК ги објави првичните официјални резултати од Претседателските и Парламентарните избори
-
Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација
-
Онлајн работа за младите со европски плати | Јанг стори со Мими | Sitel Podcast 034
-
Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена
-
Рама в недела ќе одржи собир во Атина
-
Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евровизија
-
Турција ја одложи забраната за трговија со Израел
-
Гостиварчанец измамен за 1.500 евра - сторителот е приведен