Низ Македонија досега транзитирале повеќе од 211 илјади мигранти

Во изминатите 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување барање за азил на вкупно 3.687 странски државјани, од кои 1.841 се од машки пол, 585 се од женски, 733 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 528 деца кои патуваат без родител.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, соопшти денеска МВР, најбројни се државјаните на Авганистан 1.733, Сирија 1.544, Ирак 166 додека другите се во помал број.
Во периодот од 19.06.2015 до 03.11.2015 година до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 211.592 странски државјани, од кои, 128.207 се од машки пол, 31.027 се од женски, 41.947 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 10.411 деца кои патуваат без родител.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 135.907, потоа Авганистан 44.081, Ирак 16.188, Пакистан 4.465, Иран 3.770, Палестина 1.751, од Сомалија 1.080, Бангладеш 970, Конго 499, Нигерија 263, Камерун 225, Еритреја 218, додека останатите се во помал број.
Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 03.11.2015 до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 03.11.2015 година до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 03.11.2015 година евидентирани се вкупно 4 баратели на азил, мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита 3 баратели на азил ( малолетно лице со придружба на старател и двајца мажи ) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.
Ново на Сител
-

Фон дер Лајен в петок доаѓа во Скопје на средби со претседателката Сиљановска Давкова и премиерот Мицкоски
-

ОпенАИ се извини за упадот на веб-страниците на австралиската влада - сака „повторно да ја изгради довербата“ кај Австралијците
-

Денеска се одбележува Светскиот ден на срцето
-

Од 1 до 30 октомври 2026 продолжување на правото на студентска стипендија
-

Илјадници луѓе протестираа во Прага против владата на Бабиш
-

Во Собранието продолжува Регионалната конференција за фемицид во Југоисточна Европа
-

Македонската фудбалска репрезентација гостува во Словенија
-

Трамп: САД многу брзо ќе победат во војната со Иран
