Низ Европа се шири новооткриен вирус кој го пренесува крлеж
Шест години откако беше откриен во Кина, вирусот Алонгшан (ALSV) кој го носат крлежи сега се шири низ поголемиот дел од Европа, соопштија германски експерти.
Како што пренесе ДПА, вирусот, кој не е поврзан со никакви сериозни болести кај луѓето, е пронајден кај крлежи во Финска, Франција, Русија, Швајцарија и сега во Германија, потврди Центарот за медицина на патување(ЦРМ) во Дизелдорф.
Истражувачите од Универзитетот за ветеринарна медицина (ТИХО) во северниот германски град Хановер пронајдоа докази за пренос на ALSV преку крлежи на диви животни, односно елени во северозападната германска покраина Долна Саксонија.
Научниот директор на ЦРМ Томас Јелинек изјави дека неодамнешните благи зими и потоплите лета им одат во корист на инстектите.
Сепак, ALSV во моментов не е поврзан со ништо полошо од симптоми слични на грип.
Најчеста болест која се пренесува преку крлежи во Европа е Лајмската болест, која може да се лекува со антибиотици во раните фази. Раниот летен менингоенцефалитис (ФСМЕ) е исто така особено распространет во многу области, но може да се вакцинира против него.
Ново на Сител
-
ЦУК: Регистрирани 12 пожари на отворен простор, четири изгаснати
-
Кремљ: Средба меѓу Путин и Зеленски треба да биде добро подготвена
-
Јавниот автобуски превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
МОН: Учебници за сите ученици на стартот на новата учебна година
-
Полицаец обвинет за давање поткуп на колега на ГП Долно Блаце
-
Четири возила кај „Зебра“ изгореа во пожар
-
Милевски го објави списокот за септемвриските натпревари на македонската фудбалска репрезентација
-
Андоновски: Досега забранети 250 онлајн приредувачи на игри на среќа без лиценци, до крајот на месецот очекувам уште 50 да бидат забранети