Нивото на поголем дел од реките под мајскиот просек
Нивото на најголем дел од реките во земјава денеска е под просекот за месец мај. Измереното ниво на реката Вардар кај Јегуновце изнесува 94 сантиметар, а мајскиот просек е 116 сантиметри. Нивото на Вардар на мерно место кај Скопје е 97 сантиметри, што е за десеттина сантиметри под просекот за овој месец, кој изнесува 115 сантиметри.
Нивото на реката Вардар на мерното место кај Демир Капија е 136 сантиметри, што е за дваесеттина сантиметри пониско од просекот за мај.
Големо намалување на нивото на водата бележи и реката Црн Дрим кај мерно место во Ложани и изнесува 60 сантиметри. На ова мерно место просекот во мај е 149 сантиметри.
Што се однесува на нивоата на водата во езерата во земјава, мало отстапување од мајскиот просек се бележи кај Преспанското Езеро со 842,65 мнм, а просекот за овој месец е 844,26 мнм. Ниво повисоко од просечното има Дојранското Езеро со 147,18 мнм, а просекот за мај е 144,39 мнм. Охридското Езеро е во рамки на мајскиот просек.
Ново на Сител
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Протест за Вардариште
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Шест пратеници влегоа во АНБ со иста цел, но различни барања
-
Пожарот во Дрисла ги угуши скопјани
-
Какви последици врз здравјето предизвикува горење на депонија?
-
Проф. Трајковски: Аерозагадувањето не смее да се прифаќа како нормално
-
Азир Алиу го промовираше Здравствениот совет - Најави и ангажман на лекари од приватно во јавни установи