Македонија
16. March 2018 - 11:47

Нивото на Охридското Езеро три сантиметри над максимумот

Нивото на Охридско Езеро е три сантиметри над дозволениот максимален водостој, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Во однос на просекот за март зголемен е водостојот на Вардар кај Јегуновце, Зајчев Рид, Велес и кај Демир Капија. Речиси двојно повисок водостој споредено со просекот за март има Треска кај Македонски Брод и Пчиња кај Катлановска Бања, а зголемен водостој имаат и Брегалница кај Штип и Датеска кај Ботун.

Во рамки на просекот се нивоата на Крива Река кај Крива Паланка, Брегалница кај Берово и Црн Дрим кај Ложани. Понизок водостој е измерен само кај Црна Река кај Новаци.