Нивото на безбедност во Белгија зголемено на „трет степен“
Националниот совет за безбедност на Белгија доцна синоќа го подигна нивото на безбедносната закана во земјаата на „трет степен“, врз основа на новата проценка на Координативното тело за анализа на закани (OCAM).
Тоа, како што јави дописникот од Брисел, значи поголемо присуство на безбедносните сили во земјата, со посебен фокус на клучни објекти, како што се зградите на Владата, Парламентот, Министерството за внатрешни работи, како и на институциите на Европската унија и на НАТО.
Новото ниво на тревога во Белгија, следи од како во периодот од февруари до март годинав во земјата беше прогласен „четврт степен“ на опасност, што сега значи дека заканата од терористички напад во земјата се смета за „можна и веројатна“.
Националниот совет за безбедност се состана во синоќа на иницијатива на премиерот Шарл Мишел, за да се земат предвид оценките на OCAM.
Портпаролот на премиерот Мишел, појасни дека биле донесени „општи мерки за безбедност“, што вклучува и зголемено обезбедување на претседателот на белгиската Влада, како и засилено присуство на безбедносните служби на целата територија, за што белгиските власти одбија да дадат повеќе детали.
По зголемувањето на нивото на безбедност, вчера беше откажан и пријателскиот фудбалски натпревар меѓу Белгија и Шпанија, што требаше да се одржи на националниот стадион „Крал Бодуен” и на кој се очекуваше да присуствуваат околу 50.000 луѓе.
Министерот за внатрешни работи на Белгија, Јан Јамбон ваквата одлука за зголемување на нивото за безбедност ја нарече „повеќе од оправдана“.
- Синоќа имавме состанок на Советот за безбедност на Националната и таму OCAM , врз основа на нова анализа, презентираше дека ние треба да го зголемиме нивото на закана на „трет степен“ во целата земја. Јасно е дека кога ќе правите истрага за апсење на еден од осомничените за терористичкиот напад во Париз, тоа се оценува како опасно и има влијание врз нивото на закана. Но, јас мислам дека по што се случи во Париз пред неколку дена, сега сите мораме да бидеме одговорни. Иако не гледам директна закана и опасност, сепак безбедносните мерки ќе мора да се зголемат насекаде во земјата, посочи Јамбон.
Потрагата на белгиската полиција по Салех Абдеслам, осомничен дека учествувал во организирање и спроведување на нападите во Париз, продолжува и денеска во бриселската населба Моленбек-Сен Жан, откако во текот на вчерашниор ден специјалните единици на белгиското Министерство за внатрешни работи не го пронајдо во станбена зградата во посочената населба.
Ново на Сител
-
Бобан Николовски ја презеде функцијата директор на Царинска управа
-
ЈП ПОЦ минатата недела со санкции за 203 непрописно паркирани возила
-
Светска банка: Северна Македонија треба да спроведе реформи за справување со заканите поврзани со климатските промени
-
Едно лице загина, а едно е повредено во пукање во село Батинци, полицијата трага по сторителите
-
Уапсени директори на супермаркети во Мјанмар поради тоа што продавале ориз по многу високи цени
-
МВР: Чекањето на ГП Табановце за влез и излез од државата е поради прогласеното црвено ниво на безбедносен ризик од тероризам во Србија
-
Дел од српската опозиција за „Данас“: Владата ја направи безбедноста фарса
-
Венко Филипче избран за нов претседател на СДСМ, реакции од другите двајца кандидати | ВИДЕО