-->
-->
Ниту му помогнал, ниту му вратил пари - дедо дал 75.000 денари на лице кое му ветило решавање на судски спор
-->
На 30.03.2022 во 13.00 часот во Полициската станица Кочани, 76 – годишен маж од Кочани пријавил дека бил измамен од Ф.С. од Кочани. Според пријавеното, во периодот од ноември 2021 досега, Ф.С. во три наврати го довел во заблуда дека ќе му помогне околу судски спор, а како надомест пријавителот му дал 75.000 денари. Но, како што е пријавено, ниту му завршил работа, ниту му ги вратил парите, по што сфатил дека е измамен.
Се работи на расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Барањето за 450 евра минималец на првата седница на економско-социјалниот совет
-
Приватните превозници ќе возат до 11 часот, додека ЈСП им префрли пари за гориво
-
Преглед на вестите од светот
-
Приватните превозници ги паркираа автобусите
-
Мицкоски во посета на Гевгелија
-
Сиљановска во посета на ГШ на Армијата
-
Управниот суд ја одби тужбата на Јолевски
-
Дурмиши: Ќе работат за добра бизнис клима