Балкан
8. November 2022 - 10:28

Ниш: Воз удри момчe

Воз удри 15-годишно момче од Ниш на шините во улицата Димитрија Туцовиќа.

„Во Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар (УКЦ) е донесен малолетник со стабилни витални параметри. Повредениот млад човек е свесен и комуникативен“, соопшти УКЦ.

Оттаму додаваат дека повредениот млад човек е испратен на скенер за понатамошна дијагностика.

Според неофицијални информации, оваа несреќа се случила бидејќи младиот човек имал слушалки и не го слушнал возот.

Полициското одделение во Ниш се уште не соопштува детали за оваа тешка сообраќајна несреќа,пренесуваат српските медиуми.