Никос Тоскас ги повика пратениците да го прифатат законот за ратификација на Протоколот за НАТО

Известувачот од владејачката СИРИЗА на Комисијата за национална одбрана и надворешни прашања во грчкиот парламент, Никос Тоскас, за нацрт законот за ратификација на Протоколот за членство во НАТО, рече дека „се спроведуваат чекорите и обврските на грчката страна согласно предвиденото од веќе одобрениот од Парламентот, Договор од Преспа“ и им се обрати на сите пратеници независно од партиската припадност и ставовите, да гласаат „за“, јави дописничката на МИА од Атина.
Пратеникот од СИРИЗА рече дека главниот критериум за гласање на Протоколот е „да размислиме ние, како претставници на народот и на нацијата, како сакаме соседната земја да се вклучи во глобалниот систем и локално на Балканот под постоечките меѓународни корелации, со реализам и без апстрактни форми и идеали“.
-Ги повикувам сите колеги, независно од партиската линија и послушност, да го прифатат овој нацрт договор кој е обврзувачка последница и предуслов од Договорот од Преспа, што ги имплементира нашите национални интереси, кој ја стабилизира и надградува улогата на нашата земја во поширокиот регион на Балканот и на Источниот Медитеран, порача Тоскас.
Тој им се обрати на пратениците од Комунистичката партија на Грција, од Златна зора и Нова демократија, за нивните позиции во однос на Договорот од Преспа.
-Веројатното одбивање на ратификацијата на Протоколот од Нова демократија води до провоцирачки противречности во нејзината надворешна политика со традиционалната посветеност на НАТО и Европската унија, истакна Тоскас.
Во неговото обраќање, пратеникот од СИРИЗА детално ги објасни членовите во нацрт законот за „Ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор за пристап на Република Северна Македонија“, и членовите на комисијата ги потсети на неколку факти поврзани со НАТО.
Ново на Сител
-

Успешен ден за македонските кикбоксери: Три обезбедени бронзи и победа на Глигорова
-

ЈО: Истрага за нападот на Огненовиќ
-

Повеќе случаи на партнерско насилство низ земјава, приведени неколку лица
-

На Инфективната клиника има 12 пациенти со западнонилска треска од кои три се на интензивна нега
-

Мајка од Скопје пријавила профил на кој биле објавувани недолични содржини од нејзината ќерка
-

Кривична пријава за 15-годишник кој ја нападнал својата баба
-

Во кругот на фабриката Железара избувнал пожар - нема повредени
-

Две малолетнички тешко повредени откако паднале од електричен тротинет
