Николовски: Во 2020. продолжуваме да вложуваме во она што е најважно – во луѓето.
Новогодишните празници се време да ги прославиме убавите моменти, да се присетиме на сите подвизи, резултати и достигнувања. Претходната година бележи историски успеси за нашата земја. Она што најмногу ме радува е што токму овие успеси значат подобар живот за нашите сограѓани и посреќни празници за безброј семејства.
Изминатата година докажавме дека можеме да го покачиме стандардот на живот во нашата држава, дека сме политичка партија која се грижи за сите подеднакво, создава просперитетна и сигурна иднина. Инвестиравме во најранливите граѓани, за конечно да ги извадиме од маргините на општеството. Инвестиравме во развој на економијата, во подобри услови за младите, тука, дома. Изградивме пријателски односи со сите соседи, ги запечативме границите и безбедноста на нашата држава, а македонскиот јазик и идентитет ги запишавме на меѓународната мапа.
Драги сограѓани,
Новогодишните празници се исто така време на надеж. Надеж и верба дека следната година ќе биде уште подобра и уште поуспешна. Затоа во 2020- та продолжуваме да вложуваме во она што е најважно – во луѓето. Да покажеме вистинска грижа и солидарност во текот на целата година, заедно да изградиме држава со светла иднина која со гордост ќе ја оставиме на следните генерации. Ви посакувам среќни празници, 2020 да биде година на добри мисли, добри дела, многу среќа, љубов и многу успеси!
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Ново на Сител
-
Македонските одбојкари поразени од Грција
-
Путин и Трамп телефонски разговараа за израелско-иранскиот судир и Украина
-
Индија зaпочнa вoнредна инспекција на сите Бoинг 787 по смртoнoснатa aвионскa несреќa
-
Израелски дрон предизвика пожар на најголемото гасно поле во Иран
-
Синер: По загубениот трофеј на Ролан Гарос, ги посетив моите родители и играв пинг-понг со пријателите
-
Голем пожар во Дубаи: Гореше небодер со 67 ката, евакуирани речиси 4.000 луѓе
-
Најавени масовни протести против Трамп во неколку градови во САД
-
Двајца повредени македонски државјани во сообраќајна несреќа во Албанија