Николовски: Со првиот повик од ИПАРД 3 програмата го срушивме рекордот на интерес кај земјоделците
Со првиот повик од ИПАРД 3 програмата кој заврши на 30 октомври, го срушивме рекордот на интерес од страна на земјоделците, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
За врема на посетата на компанијата „Флора Фреш“ во битолското село Кажани која одгледува овошни садници, министерот Николовски, во придружба на министрите Оливер Спасовски и Бисера Костадиновска-Стојчевска, посочи дека на повикот за средства од 30 милиони евра стигнале барања за проекти од над 100 милиони евра.
-Овој рекорд говори за подготвеноста на апликантите и за квалитетот на апликациите, како интересот за инвестиции во земјоделството. Верувам дека како држава ќе ја задржиме позицијата на лидер во искористеност на ИПАРД програмата. Всушност, ние сме земја лидер во регионот по тоа што 100 процентно го реализиравме целиот ИПАРД од 2017 до 2023 година со целокупната ИПАРД програма и успеавме овие европски средства да ги ставиме на располагање на земјоделците и агробизнис секторот.. Воедно, рече министерот Николовски, ние сме првата држава во регионот што ја почна ИПАРД 3 програмата, односно прва земја од регионот што ги почна повиците за мерките од таа програма.
Во изјава за медиумите министерот во МЗШВ Љупчо Николовски информира дека Европската комисија одлучи за ИПАРД 3 на Северна Македонија да и ја зголемат поддршката за 62 проценти и добиени се 97 милиони евра неповратни средства за ИПАРД 3 програмата.
Ново на Сител
-
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си
-
Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
-
Прегазен пешак во Битола, итно пренесен на Клиника
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје
-
До април 2025 година ќе почнат градежните работи за третата фаза за Старата скопска чаршија, најави Меџити
-
Меџити за инцидентите на Денот на албанското знаме: Ќе одговараат сите кои го прекршиле законот