-->
-->
Николовски: Претходната влада продала 21.000 тони пченица од државните резерви по шест денари за килограм
-->
Дополнителни субвенции или интервентен откуп, се двете опции за непречен откуп на пченицата, но која од нив ќе биде најсоодветното решение ќе се знае по анализите на терен и разговорите со засегнатите страни, соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Според него, причина за дисбаланс на пазарот е одлуката на претходната влада која во мај годинава продала 21.000 тони пченица од државните резерви. Пченицата била купена по 14 денари за килограм, а е продадена по шест.
- Оваа непромислена одлука на претходната влада оди на директна штета на земјоделците и таа го прави дисбалансот на пазарот, истакна Николовски.
Како што информира, до крајот на овој месец ќе се знаат производната и пазарната цена. Тоа ќе биде еден од показателите за преземање соодветна мерка, а паралелно се следи и состојбата на терен. Исто така, овие денови ќе се одржи заедничка средба со производителите и откупувачите на која ќе бидат соопштени предвидените политики.
- Се прават последните анализи на ниво на потсекторски групи. Не сакаме да шпекулираме околу цената на пченицата, да даваме паушални изјави, без соодветни истражувања, подвлече министерот Николовски.
Годинава, рече, се засеани околу 74.000 хектари лебно жито или 6.000 помалку од лани. Главната причина за намаелните површини се неповолните временски услови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Заврши општата расправа за законот со кој учениците од верските училишта ќе можат да полагаат државна матура и да се запишат на кој било факултет
-
Мицкоски: Пензиите ќе пораснат за нови 2.000 денари
-
Муцунски: Инвестиции, инфраструктура, подобар живот – надворешна политика што носи резултати
-
Социолошки поглед за модерен Центар | Горан Герасимовски | Неформално | Sitel Podcast 105
-
Владата со препорака за работодавачите во врска со топлотниот бран
-
САД по третпат го напуштаат УНЕСКО
-
Три лица се хоспитализирани - изгаснат пожарот што избувна во Кочани | ВИДЕО
-
Кремљ: Не очекуваме напредок во мировните преговори со Украина