Македонија
4. December 2016 - 15:45

Николовски: Поголема поддршка за домашните компании

Носителот на листата за пратеници од СДСМ во Третата изборна единица Љупчо Николовски денеска изјави дека планираат поголема поддршка за домашните мали и средни претпријатија од онаа што досега ја имаат.

- За повисоки плати и за добро платени работни места, домашните претпријатија силно ќе ги поддржиме со околу 140 милиони евра. Со Планот за живот ќе ја јакнеме домашната економија, чијшто раст ќе го темелиме на цврста основа од домашните претпријатија, рече Николовски.

Тој додаде дека планираат да ги намалат и казните за фирмите и да ги вратат опомените. - Ќе ја намалиме и фирмарината за секое претпријатије со помалку од пет вработени за повеќе пари да останат во фимите коишто понатаму ќе можат да бидат инвестирани, за да создадеме здрава економија, за да имаме вистински економски раст кој што ќе донесе, квалитетен живот за секој граѓанин во Македонија, рече Николовски.