Николовски: Парламентарното мнозинство е стабилно
Парламентарното мнозинство е стабилно, порача денеска од Штип, Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, откако вчера претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски побара предвремени Парламентарни избори. Николовски забележа дека СДСМ е најголемата и најразноликата политичка партија, која ја добила целосната поддршка од граѓаните, како и од македонскиот исток со што, какошто вели, се прати пораката дека граѓаните застануваат зад членството во НАТО, ЕУ, како и за западниот концепт и за трансформација на општеството со нови европски вредности, поголеми плати, крупни капитални проекти.
-Овде во Штип и ВМРО ДПМНЕ имаа можност, прилика да учествуваат на избори пред само два месеци и нема крај на ретроградните и на политиките на затвореност, на политиките на омраза, на политиките со кои сакаат да ја вратат државата назад. ВМРО ДПМНЕ пред се треба да се реорганизира, трансформира, модернизира, за да има позитивен пристап кај граѓаните, за да има коалициски капацитети и за да граѓаните препознаат нешто во нив. Засега ниту нудат луѓе, ниту нудат програма, ниту нудат проекти и се партија заглавени во криминалот, во обвиненијата и сакат да ја кочат земјата. Граѓаните јасно ја пратија порака, Парламентарното мнозинство е стабилно, вели Николовски.
Забележа дека како Генерален секретар на СДСМ неговата партија ја направила најголемата коалиција, која го има и најголемиот капацитет, а кон оваа коалиција се приклучуваат Срби, Роми, Бошњаци, Албанци, Македонци, од сите етнички заедници.
-Граѓаните еве и во овој процес даваат апсолутна поддршка на Социјалдемократскиот сојуз и додека ние сме отворени, транспарентни, додека ние чекориме многу напред, ВМРО ДПМНЕ остана заглавена во криминалот, криминалните структури, командувана од Будимпешта, без програма, без идеја, без проекти, без луѓе, вели Николовски.
Тој на првите луѓе на најголемата опозициска партија им порача да ја реформираат, а чесните луѓе и во неа да имаат можност да дојдат до највиските позиции, какошто тие го направиле во редовите на СДСМ, а се со цел да разговараат за идеи, проекти и заедно да ја развиваат земјата. Но, наместо ова, Николовски вели дека од ВМРО ДПМНЕ има постојани блокади и тоа на реформите во судството, јавно обвинителство, потоа трансфер на предметитеод СЈО во Основните јавни обвинителства, како и блокади на правдата и пописот. Според Николовски токму поради ова сите прогресивнио сили се со СДСМ и нивната коалиција и се постојано на терен со граѓните.
Ново на Сител
-
Мицкоски до ДУИ: Јас не сум албанофоб, туку криминалофоб кој презира криминалци кои во политиката влегоа голтари, а излегоа милионери
-
Од турист до амбасадор на скриени убавини во Македонија | Фин Вотшов | Sitel Podcast 116
-
Орбан: Ситуацијата е таква што „една грешка може да прерасне во светска војна“
-
До 5 октомври аплицирање за субвенциониран студентски оброк
-
Ѓорѓиевски: Аеродром добива нов кружен тек, нов мост и уште многу други инфраструктурни проекти
-
Злоупотреба на функција и бесправно градење - обвиненија против поранешниот директор на струмички „Комуналец“
-
Уставниот суд оформи предмет за иницијативата на Левица
-
Мирен протест во Атина во рамките на генералниот 24-часовен штрајк